
Фотографијата на темни оџаци кои стојат наспроти зајдисонце ја илустрира озлогласената електрична централа Drax во Англија, местото кое е најпознато по неговото негативно влијание врз животната средина и бројните протести. Оние кои никогаш не ја посетиле оваа локација, а занимаваат со екологија, често се прашуваат како изгледа кога ќе се стои на ова место, како звучи една од најзагадените точки во светот, па креаторите на проектот “Звукот на фотографија” одлучија да им дадат одговор на ова прашање .
Всушност, се работи за нов проект на веб-сајтот Cities and Memory, кој беше лансиран во 2014 година, како “глобален звучен проект.” Се работи за звучна мапа која се состои од снимки од целиот свет, а се опфатени повеќе од 75 земји, од кои беа испратени снимки од повеќе од 500 уметници.
Во рамките на проектот “Sound Photography” од посетителите на сајтот беше побарано да испратат фотографии од своите делови на светот, со цел уметниците кои се занимаваат со звук да изберат фотографија и да компонираат мелодија која го илустрира тоа како се чувствувале и за што размислувале додека ја гледале фотографијата. Иако веќе постојат видео содржини кои можат да го пренесат доживувањето од било кое место на планетата, креаторите на проектот сакаа да го спојат звукот со статичните слики, со цел тие потоа да се гледаат и слушаат како уметнички дела.