News Feed на Фејсбук е место каде што корисниците наоѓаат се` што се случува на социјалната мрежа. Ова е исто така место каде што можете да видите голем број на различни реклами, на кои сега треба да додадете уште еден вид. Фејсбук објави дека почнува со тестирање на рекламите со зголемена реалност (AR) во News Feed-от.
Засега, рекламите со зголемена реалност на News Feed на Фејсбук ќе бидат прикажувани само за корисниците на САД. Рекламите се во фаза на тестирање, така што се очекува да се направат подобрувања додека се врши тестирањето. Рекламите со зголемена реалност ќе им овозможат на корисниците да пробаат производи кои се рекламираат со искуство слично на Снепчет филтрите.
Еден пример, што Фејсбук го демонстрираше, се очилата за сонце Michael Kors. Кога корисниците ќе забележат реклама со зголемена реалност во News Feed-от, ќе им биде овозможено да кликнат на производот за да проверат како им стојат на нивното лице. Потоа се применува AR искуството и може да се тестираат очилата на нивна фотографија. Потоа се покажува линк кој води до страната на производот, доколку корисникот сака да направи купување.
Други брендови кои во моментов ги тестираат рекламите со зголемена реалност на Фејсбук се NYX Professional Makeup, Bobbi Brown, Wayfair, Pottery Barn и Sephora.