Најактивните и најголеми 30 медиски и маркетинг агенции во Република Македонија во изминатата 2017 година оствариле вкупни приходи од 37,5 милиони евра, што е зголемување за повеќе од 3 милиони евра во споредба со претходната 2016 година.
Маркетинг365 ги анализираше завршните биланси на 30-те најактивни медиски и маркетинг агенции во земјава (по азбучен ред подредени: Адвентиџ, Бренд Јунион ДОО, Греј – Ворлдвајд Лтд ДООЕЛ, Дивисион ДООЕЛ, Дирецт Медиа ДООЕЛ, Еден На Еден, ЕПП Комјуникејшенс, Идеа Плус, Имика, Иноватива, Кликер Маркетинг, КМГ Груп Спорт, Креатиф Маркетинг, Маркет Висион ДООЕЛ, Медиа План ДООЕЛ, Медиа Хаус, Меккен ДОО, ММС Комуникации Македонија ДОО, Мој Маркетинг, Нова Солутионс, Њу Медиа Маркетинг, Њу Момент Њу Идеас Компани ДОО, Оватион Адвертисинг ДОО, П Ворлд Глобал, Пиксел ДОО, Плус Медиа, ТДМ Комуникации, Универзал Медиа ДООЕЛ, Футура 2/2 ДООЕЛ и Хттпоол) и така дојдовме до бројката на вкупни приходи за периодот 01.01.2017-31.12.2017 од 2,311,282,860 денари или 37,581,835 евра.
Колку за споредба, во претходната 2016 година, вкупните приходи на истите погоре споменати медиски и маркетинг агенции од Македонија изнесувале 34,1 милиони евра.