Доналд Трапм и неговиот политички комитет од почетокот на мај потрошиле 274.000 долари за огласување на Фејсбук
Претседателот на САД Доналд Трамп и неговиот политички комитет од почетокот на мај потрошиле 274.000 долари за огласување на Фејсбук, според истражување на Универзитетот во Њујорк, пренесува Њујорк тајмс.
На второ место е Planned Parenthood Federation на Америка, непрофитна организација која нуди репродуктивни здравстгвени услуги – тие потрошиле околу 188.000 долари во истиот период.
Рекламите што ги плаќал Трамп биле прегледани од најмногу Фејсбук корисници – најмалку 37 милиони луѓе од мај оваа година. Огласите на организацијата Platinum Parenthood ги виделе “само” 24 милиони луѓе.
Истражувачите на Универзитетот во Њујорк користеа податоци директно од Фејсбук. Имено, од мај оваа година, Фејсбук започна да ги архивира политичките огласи во јавно достапна база на податоци, каде што се именувани оние кои платиле за огласи. Фејсбук има намера во базата на податоци да ги собере сите огласи со политичка содржина кои се насочени кон Американците.
За да се спречи мешање во странство, Фејсбук од купувачите на политички огласи бара да бидат верификувани како американски државјани на САД или лица со постојан престој.
Истражувачите издвоија 449 најголеми потрошувачи на политички реклами за Њујорк тајмс. Од тој број 210 било лево ориентирани групи, 124 се десничарски и 115 политички неутрални.
Иако политичките консултанти често тврдат дека демократите трошат многу помалку од републиканците за дигитално рекламирање, ова истражување не го потврди тоа. Од 20-те политичари и нивните политички комитети кои најмногу трошат на огласување на Фејсбук, 12 се демократи и 8 републиканци, утврдиле истражувачите.
Истражувачите исто така откриле 43.575 случаи кога политичките рекламни купувачи не го назначиле спонзорот – не го поминале процесот на верификација на Фејсбук.
Мажи и жени на возраст од 25-34 години биле најчестата целната популација за огласи, а најмалку огласи биле насочени кон корисници помлади од 17 и постари од 65 години.