Шведската компанија одлучи да воведе драстични промени во работењето, после 30 години постоење
Овај ланец планира отворање на мали градски продавници наместо големите препознатливи центри.
„Компанијата мора да одговори на промените на навиките на потрошувачите, односно на своите купувачи. Затоа нашиот приоритет ќе биде отворање на мали градки продавници и развивање на онлајн продажбата, но и достава на производите“ изјави Хавиер Квинонс, менаџер во Икеа.
Прва ваква продавница ќе се отвори на есен во Лондон. Подоцна, планирано е да се прошири овај начин на работа и во други земји.
„Најмногу ме загрижува фактот што доколку не се прилагодиме на пазарот сега, на долг рок, можеби нема да постоиме“, изјави менаџерот.
Икеа не соопшти дали ова значи и крај за нивните големи центри.