Популарниот интернет пребарувач Mozilla Firefox конечно доби можност за блокирање на автоматската репродукција на видеo снимките на интернет страниците кои ги посетуваат неговите корисници.
Најновото издание на експерименталната верзија на пребарувачот под името Firefox Nightly Edition (version 63.0a1) сега им овозможува на корисниците да изберат дали сакаат да дозволат или да го исклучат автоматското пуштање на видеата на интернет страниците кои ги посетуваат.
Firefox 63 ќе биде достапен за корисниците од 23 октомври, па од тогаш сите корисници на Firefox кои ќе ја преземат најновата верзија ќе имаат можност за блокирање на видеата.
Firefox досега ги блокираше рекламите со автоматски звук, но ова е за прв пат да овозможи блокирање на сите видови на автоматска содржина на веб страниците.
На корисниците им се понудени неколку можности.
Тие ќе можат да изберат да ги блокираат сите автоматски содржини или да добијат pop-ap предупредување на секој сајт, па потоа да изберат дали сакаат да ги вклучат или исклучат автоматските содржини.
Третата опција е да се овозможи прикажување на автоматските содржини.