Италијанскиот производител на слатки “Фереро” ја нуди најслатката работа на светот, бидејќи бара дегустатори, пренесува Тајмс.
“Фереро” објави оглас во кој бара 90 дегустатори кои ќе тестираат какао, лешници и други сурови производи за производство на чоколадо.
Компанијата им нуди договор на половина работно време на заинтересираните лица. Всушност, договорот предвидува два работни дена неделно во седиштето во Алби. Не е неопходно да се има претходно искуство во добивање на работа, важно е само кандидатите да немаат алергии на храна.
Избраните кандидати се должни да посетат тримесечен курс од 30 септември, на крајот од кој само 40 луѓе ќе бидат избрани како дегустатори на чоколадо. Тие ќе бидат поделени во две групи, објави “Фереро”.
Досега, Фереро отсекогаш користел интерна работна сила, односно вработени за тестирање на нивните производи. Овој пат компанијата сака да ги праша потрошувачите, без никакво познавање на состојките на производот.
Покрај “Нутела”, Фереро ги произведува и “Mon Sseri”, “Rafaelo”, и “Ferero Roše”. Компанијата има годишен обрт во висина од 10,5 милијарди евра и вработува 30.300 луѓе, а ширум светот има 91 ќерки фирми и 23 фабрики и е присутна во 170 земји во светот.