Синџирот за брза храна Мекдоналдс планира да воведе своја валута – “мек парички“ – кои ќе ги добиете секогаш кога ќе купите Биг Мек. Тоа е нивниот начин да прослават 50 години од постоењето на фантастичниот Биг Мек.
Што се` може да се купи со “мек паричките“? Монетите, освен за колекционерски цели, имаат и куповна вредност и ќе можат да се заменат за нови Биг Мек бургери во текот на целата 2018 година.
https://www.instagram.com/p/Bl1JRYVFrP9/?taken-by=mcdonalds
Во интервју за Usa Today, генералниот директор на Мек Доналдс, Стив Истербрук изјави дека акцијата започнува во четврток. А зошто токму четврток? Затоа што тогаш би бил стотиот роденден на Џим Делигати, кој го смисли овај бургер.
Биг Мек стана препознатлив знак на Америка и нејзина икона веќе неколку децении. Во 2007 година е отворен ресторан музеј во чест на сочниот бургер. Биг Мек има и своја скулптура која е висока 14 метри.
Минатата година се продадени околу 1.3 милијарди Биг Мек бургери, соопштија од компанијата Мек Доналдс.
“Мек паричките“ ќе се појават во 5 различни дизајни, а секоја од нив ќе обележи една деценија.
’70: декада на цвеќето
’80: поп-арт
’90: храбри, апстрактни форми
’00: фокусот е на технологијата
’10: развој на комуникацијата и нејзините облици