Лето, плажа, море, ситен песок меѓу прстите .. но не, не, ова е тепих!
Оваа година, се подготвивме за летото на малку поинаков начин. Extreme Intimo во соработка со дигиталниот тим на McCann Белград ја претстави новата колекција на костими за капење на пазарите во Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Словенија, Чешка и Русија.
Кампањата #InTheMoodFor се одржа во неколку фази. Најпрво, со интригантен дизајн на јавноста и` е претставен само дел од новата колекција, која потоа ја промовираа и познати инфлуенсерки, а целата колекција е претставена во рамките на ревијата во Big Fashion Shopping Centar. Кампањата привлече посебно внимание со интересните визуелни елементи кои ја пренесуваат пораката дека можеме да бидеме подготвени за вистинско лето и пред тоа да пристигне.
“Сакавме со различни небрендирани формати да го предизвикаме вниманието на фановите, алудирајќи на сите вообичаени фејк визуели на летото. Знаете, она кога во средината на мај ќе погледнеме обработени фотографии на згодни жени на бел песок меѓу палми на Бахамите? Па, во оваа кампања, наместо вода (море и базен) имавме тепих со принт вода, ветер во косата од вентилатор, душек за вода на суво и други детали кои видливо ги нагласивме дека се снимени во студио . Затоа девојката на билбордот го сече зборот FAKE – бидејќи е расположена за вистинско лето”, изјави Марко Живковиќ, Associate Technical & Interactive Manager, McCann Белград.
Мирјана Лончаревиќ, извршен директор за дизајн и маркетинг, во Extreme Intimo, додава: “Extreme Intimo е препознатлив бренд кој ги следи модните трендови и е комбинација на две страсти: желбата да се чувствуваме пријатно во својата кожа и љубов за модата. McCann Белград ни помогна на многу интересен начин да ја претставиме новата програма за плажа и да ги инспирираме сите наши фанови подготвени и во добро расположение да го дочекаат следното лето. Ние се забавувавме за време на работата и што е најважно, реакциите од јавноста се позитивни. “
Меќу познатите инфлуенсерки кои учествувале во кампањата се Sara Jo, Mima Zečević, Vanja Milićević, Nada Fitt и Ana Vukosavljević.