Мејзи Вилијамс, ѕвездата од хит-серијата Game of Thrones која го глуми ликот на Арја Старк, заедно со својот соработник Дом Сантри лансираше апликација наречена „Daisie“, специјално наменета за креативци.
Иако веќе етаблираните социјални мрежи како Instagram им нудат на дизајнерите, илустраторите, фотографите и другите уметнички индивидуалци платформа за себепромоција, Вилијамс објасни во интревју за TechCrunch дека „Дејзи“ е нешто сосем различно.
Имено, основната цел на „Дејзи“ е да ја поттикнува соработката помеѓу креативците во насока на меѓусебна комуникација и добивање на вреден фидбек кој ќе им помага во подобрувањето на нивните дела.
Иако интерфејсот потсетува на социјална мрежа, една клучна разлика е тоа што во „Дејзи“ не постои опција за следење (following).
„Кога го правевме нашето истражување, често забележувавме дека ако има опција за следење, тогаш нештото почнува да наликува како натпревар за популарност,“ објаснува популарната „Арја“.
„Сметам дека опцијата за следење на профили е многу еднонасочна, а ние сакаме профилите на нашите корисници да растат поради меѓусебна соработка и двонасочна комуникација во која сите ќе растат заедно, помагајќи едни на други,“ додава Вилијамс.
Дури и за креативците кои се чувствуваат лимитирано поради својата географска локација или недостаток на конекции, опцијата „Question Time“ на „Дејзи“ им нуди можност за добивање фидбек од поетаблирани уметници преку „Question & Answer“ сесии во живо.
Вилијамс открива дека нејзиниот успех бил главен мотив позади креацијата на „Дејзи“: „Се чувствувам многу среќна во животот поради тоа што добив можност. Ако не ја добиев, што ќе правев сега? Тоа прашање си го поставувам секој ден. Сигурно ќе си корнев коси мислејќи како да се изразам себе како уметник. Многу луѓе не добиваат можност како мојата, па апликацијата можеби ќе им помогне.“
Сега за сега, „Дејзи“ е достапна само за iOS уреди и може да се симне во App Store.
Повеќе за апликацијата може да се прочита на официјалниот веб-сајт.
Погледнете го целосното интревју на Мејзи Влијамс за TechCrunch во продолжение: