По повод конкурсот за четвртото по ред доделување на националната награда – Кактус 2018, го пренесуваме разговорот со претседателката на жирито за Србија – Јана Савиќ Растовац, креативна директорка на агенцијата Меккен Белград, првично објавено на порталот Marketing Mreza.
Како го оценувате маркетинг пазарот во Србија и колку е тоа навистина интегрирано?
Јана: Интегрирана кампања подразбира смислено користење на неколку канали на комуникација со цел пренесување на порака за производот/услугата и отворање на дијалог со луѓето на кои оваа порака сакаме да им ја пренесеме. Има многу начини за интегрираниот пристап да се оствари надвор од стандардниот образец – тв спот, билборд,објави на социјални медиуми.
Мислам дека Србија има квалитетни и силни брендови кои треба да се осмелат за похрабра и поинаква комуникација, која ќе вклучува активна интеграција на брендот со кауза, одржлив развој, колаборација, е-commerce, брендирана забава…. Интегрирано е се што е поврзано во смислена целина, не она што е повторено по каналите.
Во која мера домашните агенции од една страна и клиентите од друга страна се навистина спремни за храбри и иновативни кампањи? Дали се плашиме? Зошто?
Јана:“Довербата“ е тука клучен збор. Една студија на магазинт “Contagious” покажала дека најиновативните и најхрабрите кампањи на брендовите се случуваат после повеќегодишна соработка со агенциите. Можеби ова е малку обесхрабрувачка, но секако е значајна информација – дека за несекојдневен експеримент во комуникацијата потребна е по некогаш и цела деценија партнерство со агенцијата. Големите брендови на нашиот пазар се спремни за големи чекори, неколку од нив тоа го докажаа и во минатата година со иновативни пристапи во медискиот простор, радикални “завртувања„ во продукцискиот израз и кампањи со кои се поврзуваат со цели кои се од значење за пошироката заедница. Мислам дека ова е многу добар знак.
Не смее да постои страв. Стравот води кон конформизам. Агенциите не треба да се плашат да ги презентираат своите размислувања. Ако е добро размислена и за своето постоење има валидна причина, храбрата и поинаква идеја никогаш не смее да биде автоцензурирана во агенцијата. Нашите клиенти се наши партнери и наша должност е да во тој партнерски однос бидеме активни и проактивни. Работата на добра и несекојдневна кампања е многу исцрпувачки и тежок процес, кој вклучува спремност на ризик од двете страни. Оптимист сум и ја поздравувам спремноста на водечките брендови во Србија да се впуштаат во овој ризик. Резултатите се видливи и добри.
Слоганот на овогодинешниот фестивал е “Идејата не е ништо без акција“. Дали е тоа навистина така и можат ли квалитетните идеи да “преживеат“ без квалитетна егзекузија?
Јана: Егзекуцијата е многу важна. Сепак, егзекуцијата е ништо без идеја. За мене идејата е кралица на се, а можеби и поважна работа од егзекуцијата денеска е и добриот ПР за самата кампања.
Зошто е важно еден пазар да има национален креативен фестивал и зошто струката треба да застане позади него?
Јана:Фестивалите се огледала, места на спојување и забрзани курсеви на растот. Ништо не дава таков преглед на годишната продукција како фестивалите. На фестивалите имаме можност да погледнеме каде сме и кои сме, сосема јасно, надвор од агенциските ѕидови и нашата претстава за тоа колку сме добри и успешни. Агенцјата Меккен ги подржува сите фестивали. Сметаме дека ова е важно и неопходно и дека учеството на фестивалите допринесува за развојот на домашната индустрија и затоа сме активно присутни на фестивалот Кактус од неговиот почеток.
На кои детали ќе обраќате најголемо внимание кога ќе бидат оценувани проектите и какви проекти воглавно очекувате оваа година на конкурсот?
Јана: За мене идејата е најважна како што споменав. Ќе водам сметка и за контекстот на брендот, пазарот, брифот…. Сметам дека како жири треба да ги наградиме најдобрите и најиновативните. Нашиот избор ќе зборува не само за нас, туку и за тоа кон кое ниво се стремиме, за критериумите кои треба да го предводат целиот пазар на комуникации во Србија. Ги поканувам агенциите да се пријават на фестивалот и да своите идеи ги презентираат фокусирано, паметно и храбро.
Конкурсот за наградите Кактус 2018 е отворен до 20 септември. Условите и пропозициите можат да се погледнат на следниов ЛИНК.
Наградите свечено ќе бидат доделени на четвртиот национален Фестивал на интегрирани комуникации – Кактус 2018, кој ќе се оддржи на 12 и 13 ноември во хотелот Hyatt Regency Белград.