Еден од најпознатите карактери во филмскот свет “Џек Рајан” ќе добие спектакуларен нов изглед на малите екрани оваа 2018 година, а часовничарскиот бренд Hamilton го обезбеди совршениот часовникот кој верно ќе му служи на херојот.
Часовниците на Hamilton се имаат појавено во над 450 хит филмови од 1932 година, а сега ќе има и значајно место во најочекуваниот филмски серијал за оваа година кој ќе започне да се стримува глобално преку Amazon Prime Video на 31 август.
Џон Красински ја глуми најновата инкарнација на ликот Џек Рајан, создаден од писателот Том Кленси за неговата новела The Hunt For Red October издадена во 1984 година. Џек Рајан е поранешен маринец во американската армија кој работи како професор по историја во Американската Морнаричка Академија пред да се придружи на ЦИА како аналитичар.
Серијата во продукција на Amazon Prime Original е современа интерпретација на приказната на Џек Рајан, фокусирајќи се врз неговите почетоци во ЦИА и првата теренска задача во која разоткрива опасна терористичка мрежа која се заканува на целиот свет. Првата сезона на серијата ќе се состои од осум едночасовни епизоди, а во тек е и продукцијата на втора сезона.
Во текот на своите мисии, Џек Рајан ќе го носи часовникот Hamilton Khaki Field Auto Chrono во црна боја – цврст, робусен и погоден за се’, базиран врз богатата воена историја на Hamilton часовниците.
Часовникот се состои од 42-милиметарско челично куќиште обоено во црно, што му дава совршен „стелт“ изглед соодветен за нашиот херој. Во срцето на часовникот ќе отчукува ексклузивниот автоматски механизам H-21 во швајцарско производство, кој на Џек му овозможува резервна енергија од 60 часа, хронограф и функции за ден и дата. Црното гумено спортско ремче го комплетира часовникот, обезбедувајќи максимална удобност и сигурност во носењето.
Khaki Field Auto Chrono е разумен избор за еден агент на ЦИА и, како што е секогаш случајот со часовниците на Hamilton, беше специфично избран за да одговора на главниот лик.
Генералниот извршен директор на Hamilton, Силвијан Дола објасни: „Џек Рајан ветува дека ќе биде една од главните ѕвезди во филмскиот календар оваа есен и ние во Hamilton сме возбудени што еден од нашите часовници придонесува во создавањето на еден автентичен и кредибилен лик. Тоа е природен спој.“
Инспириран од богатата воена историја на Hamilton, колекцијата Khaki Field е совршениот избор за секој маж со особините на Рајан. Многумина овој модел го сметаат за оригинален војнички часовник, имајќи во предвид дека се дистрибуира до илијадници припадници на воениот персонал од 1942 година навака. Џек Рајан ќе носи една од најновите верзии на часовникот, која ги нуди сите функции кои современиот маж би ги очекувал од еден часовник за акција.