Денеска на Маркетинг365 Ви претставуваме уште еден легендарен бренд од часовничарскиот свет – Longiness.
Швајцарскиот часовничарски бренд Longines е познат по своите безвременски елегентни дизајни и долгостоечки врски со коњското тркање и други коњички спортови. Компанијата исто така има оставено трага и во индустријата за луксузни часовници, главо со своите импресивни модели со ултра-тенки механизми.
Како и неколку други водечки производители на часовници, Longines е основан во St. Imier, Швајцарија. Меѓутоа, Longines е единствениот чие седиште се’ уште се наоѓа во „родното место“.
Денес, брендот продолжува гордо да го претставува своето швајцарско наследство како ценет член на Swatch групацијата.
Longines ги слави своите односи со спортот и спонзорира голем број на значајни спортски настани, особено во коњско тркање, тенис и скијање.
Компанијата е позната и по тоа што спонзорира и голем број на познати личности која ја отелотворуваат филозофијата на елегенцијата. Во Македонија, часовниците на Longiness може да се најдат во продавниците на Bozninovski watches & jewelry (ЛИНК).
Основањето на Longines
Брендот Longines е основан во 1832 година во St. Imier, Швајцарија, област во подножјето на планината Јура позната по производството на часовници.
Компанијата започна како партнерство помеѓу банкарот и бизнисмен Август Агасиз и адвокатите Хенри Ригуел и Флоријан Морел. Оригиналното име на компанијата било “Raiguel Jeune & Cie.”
Младата компанија брзо станала препознатлива по своите квалитетни џебни часовници, особено благодарение на екстензивнаата комуникациска мрежа на Агасиз во прекуокеанските земји.
Во 1846 година, Ригуел и Морел се повлекле од часовничарската индустрија, оставајќи го Агасиз како единствениот предводник на компанијата. Неколку години подоцна, Агасез ќе го вклучи неговиот бистар внук Ернест Франсилион во бизнисот, кој пак ќе биде умот позади неколку импресивни иновации. По смртта на Агсиз, лидерската позиција во компанијата ја презел Франсилион.
Првата Longines фабрика
За време на Франсилион, компанијата ќе го напушти „занаетчискиот“ систем на функционирање и ќе се насочи кон современите производствени методи.
Франсилион го зацврстил преминот кон масовно производство во 1867 година со отворањето на првата фабрика. Локацијата на оваа фабрика во јужен St. Imier, во месност позната како Les Longines („долги ливади“), ќе го даде и името на брендот.
Со цел понатамошно да го подобри производството на Longines, Франсилион во компанијата го довел талентираниот инжинер Жак Давид, назначувајќи го за технички директор на новата фабрика.
Во 1867 година, Longines ќе го произведе и првиот сопствен часовнички механизам наречен “20A”, кој освоил и награда на Универзалната изложба во Париз истата година.
Примена на поуки од американските фабрики
Неколку години подоцна, американската часовничарска индустрија почнала да добива светска слава, правејќи значајни чекори во индустријализацијата на часовничарското производство. Франсолион го испратил Жак Давид на Светскиот саем во Филаделфија во 1876 година да „собере“ нови идеи и стратегии од американските производители.
По враќањето во Швајцарија, Давид напишал обемен извештај од 108 страници во кој опишал се’ што видел и научил. Овој извештај се смета како еден од најзначајните документи во часовничарската историја.
Во извештајот биле разработен целиот работен процес во американските фабрики – од сирови материјали до готови часовници, како и нивната високо-ефективна внатрешна структура и контрола на квалитетот. Давид на крај заклучил дека мора да има промени во швајцарската часовничарска индустрија доколку сака да држи чекор со американските конкуренти.
Опсервациите и увидувањата на Давид не само што му овозможиле рана предност на Longines, туку моќно влијаеле и врз целата швајцарска часовничарска индустрија. Иако неговиот извештај на почетокот бил примен со отпор од конкуренцијата, евентуално ги убедил швајцарските производители да се приклучат кон индустријализацијата.
Пробивање во светот на спортот
Во 1878 година, Longines го разви својот прв хронографски механизам “20H”. Се работи за механизам во кој сите три хронографски функции – старт, стоп и ресет – се контролирани преку круната на часовникот.
Со механизмот 20H, Longines почнал да произведува и штоперици погодни за прецизно мерење на време во професионални настани. Ова е моментот кога Longines започна да ја гради својата легендарна репутација во коњичките спортови.
Всушност, првата реклама на Longines воопшто (од 1880-те) прикажува часовници специјално дизајнирани за мерење време на коњски трки.
Заштита на бренд идентитетот
Во 1880 година, Longines веќе стана препознатлив бренд по својот супериорен квалитет и прецизност на часовниците. Поради тоа, брендот станал мета за фалсификаторите кои продавале неквалитетни часовници како производи на Longines.
Овие фалсификати не само што директно го краделе бизнисот и приходите на Longines, туку и ја нарушувале репутацијата на компанијата. Франсолион донел мудра одлука правно да ги заштити името Longines (1880) и логото на компанијата (1889).
Во 1893 година, Франслион успеал да добие глобална заштита на името и логото на бредот преку регистрација во Обединетото меѓународно биро за заштита на интелектуална сопственост, односно подоцнежната Светска организација за интелектуална соптсвеност – тело на Обединетите Нации.
Longines е најстарото, непроменето бренд име регистирано во Светската организација за интелектуална соптсвеност.
Историски значајни модели на рачни часовници
Почнувајќи од раните 1900-ти години, Longines започна да се фокусира на производството на рачни часовници и специјалиризани механизми за рачани часовници. Некои од најпознатите модели на рачни часовници во историјата на брендот се:
- Weems Second-Setting (1927) – часовник развиен со помош на амриканскиот морнарички офицер Филип ван Хорн Вимс, експерт во морнаричка и авијациска навигација. Дисплејот на овој часовник можел да се прилагодува врз основа на GMT радио бранови, со цел да се овозможи максимална навигациска прецизност.
- Lindbergh Hour Angle (1931) – пилотски часовник развиен со помош на познатиот авијатор Чарлс Линдберг. Преку комбинацијата на овој часовник со секстант и наутички алманах, носителите можеле прецизно да ја пресметаат нивната географска локација.
- Conquest (1954) – првата поголема „фамилија“ на Longines часовници со водоотпорно куќиште и автоматски механизам, елегантно дизајнирани како стилски часовници за истражувачи и спортисти. Оваа колекција е ран индикатор за современиот елегантел стил на Longines часовниците
- Flagship (1957) – следејќи го успехот на Conquest, ова е втората голема серија на часовници на Longines, опремени со високо-прецизен хронографски механизам, ист како во спортските мерни часовници, но со елегантен минималистички дизајн.
- Longines LCD (1972) – првиот дигитален часовник на Longines со кварцен механизам, ценет по својата висока технологија за тоа време.
- Feuille d’Or (1979) – Првиот часовник во светот потенок од 2 милиметри, разработен врз технологија на кварцен механизам. Овој часовник ќе биде основата за сите натамошни Longines часовници од тенок калибар.
Амбасадори на елеганцијата
Longines избира бренд амбасадори кои отелотворуваат безвременска елеганција, без разлика дали доаѓаат од сферата на спортот, музиката или филмот. Моментални амбасадори на брендот се поранешниот светски познат тенисер Андре Агаси, познатиот пејач и актер Арон Квок Фу Шунг од Хонг Конг, и јапонскиот гимнастичар Кохеи Ушимура.