Во организација на HURA (Хрватското здружение за пазарно комуницирање) и Weekend Media Festival, седмото издание на BalCannes и оваа година ќе се одржи во Ровињ, Хрватска од 20-ти до 23-ти септември.
Регионалното жири кое ќе ги избере најдобрите 25-креативни проекти за изминатата година вклучува и 5 претставници од Македонија: Милан Стојанов (Публицис) , Илинка Црвенковска (Идеа Плус), Борис Ефтимовски (Маркетинг365), Ратка Тирицовска (Стопанска Банка ад. Скопје) и Тања Атанасова (Вивакс).
Наградите и оваа година ќе бидат доделени од страна на секое од трите одделни состави на жирија, што го прави BalCannes ретка и единствена можност за натпреварувачите од прва рака да дознаат како за нивните проекти посебно размислува секој од трите состави на жирито – огласувачите, агенциите и медиумите.
Некои од најдобрите и најискусните експерти од индустријата на пазарното комуницирање во регионот ќе ги изберат 25-те најдобри проекти од регионот и ќе им доделат посебни награди, а најдобрите меѓу нив ќе бидат наградени со BalCannes лавови.
Жирито на огласувачи оваа година го сочинуваат: Тања Атанасова, Вивакс (Македонија); Вања Бартолец, Загребска пивара (Хрватска); Петра Чадеж, Атлантик група, (Словенија); Далибор Цигиќ, Виолета (Босна и Херцеговина); Смиљка Докич Јеремич, Ерсте банка (Србија); Наџа Лутвикадиќ Фочо, BH Телеком (Босна и Херцеговина); Тања Петровиќ, Кока Кола (Србија); Ива Прегерник Јунгич, Искон Интернет (Хрватска); Иво Радаковиќ, A1 Словенија (Словенија) и Ратка Тирицовска, Стопанска банка АД Скопје (Македонија).
Од претставниците на агенциите оваа година жирираат: Илинка Црвенковска, Idea Plus Communications (Македонија); Наида Челик, Communis (БиХ); Петра Крулц, Grey Љубљана (Словенија); Игор Младиновиќ, Imago Ogilvy (Хрватска); Алмир Окановиќ, BBDO Загреб (Хрватска); Јана Савиќ Растовац, McCann Белград (Србија); Милан Стојанов, Publicis Скопје (Македонија); Ана Шутиќ, New Moment New Ideas Company (Србија); Берин Тузлиќ, Via Media (БиХ) и Блаж Вук, Pristop (Словенија).
Покрај огласувачите и претставниците на агенциите, пријавените проекти ќе ги оценува и жири составено од претставници од медиуми кои ја следат индустријата, а кое е составено од: Екрем Дупановиќ, Media Marketing (Босна и Херцеговина); Сандра Бабиќ, Lider Media (Хрватска); Борис Ефтимовски, Marketing365 (Македонија); Марјан Новак, Marketing Magazin (Словенија) и Ивана Парчетиќ Митиќ, Marketing Mreža (Србија).
Со цел да се обезбеди неутралност на оценувањето, избраните членови на жирито не смеат да гласаат за свои проекти, ниту за оние со кои се интересно поврзани. Оваа година, пријавените проекти нема да бидат поделени во категории и истите нема да имаат влијание врз изборот.
Агенциите имаат можност да се вклучат во мали проекти или големи кампањи до петок, 7 септември 2018 година и да ја искористат одличната можност за бизнис исчекор, благодарение на кој огласувачите можат да пронајдат агенции за соработка, а агенциите нови клиенти!
Повеќе информации за натпреварувањето и пријавувањето се достапни на www.balcannes.com.