WPP потврди дека Марк Рид ќе биде новиот извршен директор на овој гигант во светот на огласувањето.
Рид по назначувањето објави дека не планира спојување или продавање на креативните агенции на WPP, како што се Young & Rubicam и J. Walter Thompson и наместо тоа, ќе се фокусира на изнаоѓање начини за овие агенции да работат поблиску со дигиталните агенции и агенциите за податоци во рамките на оваа холдинг компанија.
Оваа најава на стратегијата носи олеснување за многумина во компанијата кои се загрижени дека заминувањето на Мартин Сорел ќе доведе до растурање на огромната империја на WPP.
Исто така, веќе е познато дека новиот извршен директор ќе биде платен значително помалку од неговиот претходник Сер Мартин Сорел, кој беше критикуван за огромната заработка.
Цената на акциите на WPP не се промени значително по објавувањето на новиот извршен директор, што покажува дека овој потег во голема мера се очекуваше.