Денес истекува крајниот рок за пријавување на BalCannes
За 25 најдобри проекти на BalCannes ќе одлучи жири составено од некои од најдобрите и најискусните експерти од индустријата на пазарното комуницирање во регионот, кои се претставници на огласувачите, агенциите и новинарите кои ја следат индустријата.
На BalCannes се наградува најдобрата агенција и најдобриот проект, а посебни награди се доделуваат од страна на трите одделни состави на жирито – огласувачи, агенции и новинари. И оваа година статуа BalCannes лав ќе добие и најдобриот проект за странски пазар, но и најдобриот регионален проект кој е резлизиран на најмалку три пазари од регионот.
Посебна прилика за сите проекти оваа година е можноста да учествуваат на меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions 2019, бидејќи на агенцијата која ќе биде прогласена за најдобра на BalCannes, организаторите ќе и` ги покријат трошоците за пријавување на еден проект.
Покрај лавовите BalCannes, оваа година специјални награди ќе бидат доделени и на сите агенции пласирани во топ 25 најдобри проекти според изборот на целиот состав на жирито.
Сите заинтересирани агенции можат да ги достават своите проекти до денес, 7 септември 2018 година до полноќ, на www.balcannes.com/prijavnica/
До седми пат, BalCannes ќе се одржи во главната сала на Викенд Медиа фестивалот во Ровињ во петок, 21 септември, со почеток во 16:45 часот.