SEMPL за дваесет години не само што прерасна од тесно специјализиран семинар во настан, кој со светски познати говорници ги претставува најновите медиско-комуникациски трендови, туку се трансформираше во една од најважните конференции во регионот. За атрактивниот јубилеен изглед на настанот и оваа година се погрижи агенцијата Futura DDB.
SEMPL, регионална конференција за трендовите во маркетингот, медиумите и комуникациите, оваа година прославува дваесет години и на 29 и 30 ноември во GH Bernardin во Порторож повторно ќе привлече повеќе од 1.200 експерти за медиуми и комуникација.
Валерија Преволшек, преседател на SEMPL и директор на Media Pool, најавува дека 20-годишнината на конференцијата ќе ја одбележат внимателно избрани говорници: “Програмата е онај дел од SEMPL, во која секоја година ги вклучуваме нашите учесници и благодарение на кои го заслуживме угледот на еден од најквалитетните настани во овој дел од Европа. Се разбира, сакаме да го прославиме 20-тиот роденден не само симболично, туку и со дополнителни содржини на самиот настан, со посебно внимание на програмата за работа. “
Најавена одлична програма со Питер Хинсен
Дополнителните содржини во програмата, кои ги ветува Преволшек, организаторите веќе ги најавуваат со првиот потврден говорник. Се работи за харизматичниот визионер, кого сеуште не сме имале можност да го слушнеме во регионот. Белгиецот Питер Хинсен редовно се појавува како гостин на најголемите конференции и форуми на технолошките гиганти, како што се Google, Microsoft и Apple, а неговата последна книга The Day After Tomorrow, редовно се наоѓа на листата на најдобрите книги за бизнис изминатите години.
Хинсен, кој важи за исклучителен познавач на технолошките трендови и нивното влијание врз иднината на организациите и бизнис моделите, на SEMPL ќе зборува токму за тоа, како да се справиме во светот на брзи промени. Ќе советува за тоа како постојните деловни структури и размислувања да се променат за успех и раст во екосистемите, кои допрва ќе се родат.
Сирените како илустрација за сообразност помеѓу формата и содржината
Симбол на 20-тиот SEMPL е сирена, попкултурна интерпретација на митолошките суштества, кои бродовите на морнарите со песна ги привлекувале на карпите. За дваесет години од функционирањето, SEMPL, кој освен формата, во фокусот цело време ја става пред се`содржината, всушност мораше да исплива на површина во морето на бројни реномирани маркетинг настани.
“За добро сеопфатно искуство, формата и содржината мора да одат рака под рака. Привлечната форма може брзо да не заведе, но ако во себе не ја крие вистинската содржина, добриот прв впечаток може брзо да исчезне “, е коментарот за идејниот концепт на изледот на конференција од страна на маркетинг агенцијата Futura DDB. Како што додаваат, за разлика од митологијата, на брегот на SEMPL, нема да налетате на карпа.
Во рамките на конференцијата SEMPL и оваа година наградите Семплер ќе бидат доделени за најголемите медиумски достигнувања во регионот.