Во извештајот кој во Понеделникот (27.01) беше објавен од страна на Нилсен и кој ја анализира структурата на медиа плановите кај адвертајзерите, уште еднаш се потврдува фактот дека Телевизијата е најкористениот медиум за огласување и дека тешко во догледно време ќе има сериозен конкурент на тој план.
Анализата на податоците од првите девет месеци на 2013 година покажуваат дека и покрај тоа што Интернетот како медиум за огласување добива се поголем број на приврзаници и рапидно расте (32,4% во споредба со минатата година) според сумата на пари кои се трошат за него, Телевизијата е неприкосновена и убедливо го собира буџетот во сите земји.
Во истражуваниот период, дури 57,6% од целиот адвертајзинг буџет на огласувачите наменет за огласување преку медиуми отишол на ТВ.
Втор најпопуларен медиум за огласување биле весниците, со вкупен удел од 18,8% а трет Магазините со 9,9%.
И покрај тоа што буџетите за дигитално огласување од година во година рапидно растат, вкупниот удел во целиот маркетинг колач е многу мал и според Нилсен изнесува само 4,5%
Еве како котираат другите медиуми:
Ако земеме да ги анализираме трендовите, односно како вкупниот share се изменил од претходната година, резултатите се дека во пораст се само Интернетот (убедливо со 32,4%), Телевизијата (4,3%) и Outdoor (5,1), додека буџетите за печатените медиуми и радиото се намалуваат.