Лореал ја зголеми продажбата за 44% со редефинирање на воспоставените тактики
Козметичка компанија L’Oreal ја зголеми продажбата на своjот Revitalift Laser X3 крем во Австралија до 44%, со редефинирање на традиционалната, добро воспоставена маркетинг тактика “пред и после”, која често пати не успева да биде запазена во презаситената козметичка индустрија.
“Маркетинг тимот на брендот Лореал пред нас постави предизвик да го направиме ова на начин кој ќе биде дисруптивен, наместо да се потпираме на вообичаените “пред и после” техники на компаративни фотографии со коментар од дерматолог”, вели Лин Чинок, акаунт директор во агенцијата McCann Мелбурн ексклузивно интервју за WARC.
Со вклучување на една обична австралиска жена, Кејт, кампањата покажа паралелна споредба на ласерски третман во однос на употребата на Revitalift Laser X3 кремата на Лореал во период од четири недели. Автентичноста и транспарентноста беа од огромно значење за кампањата.
“Во минатото имавме докажани резултати – ние сме број еден во третманите против стареење – но кога зборуваме за нашите производи, често се` се сведува на науката или се базира на статистички податоци, како што се проценките на брчки намалени за четири недели. Да се биде во можност вистински да се визуелизираат овие промени, во споредба со вистинскиот ласерски третман, е нешто сосема ново и директно”, вели Тим Плант, директор за маркетинг на Лореал во Австралија.
Со користење на социјалните мрежи на брендот, австралиски потрошувачите имаа можност да следат како експериментот се развива од ден на ден, а на крајот на експериментот, Кејт се појави во информативен спот во живо, за да ги прикаже резултатите.
Заклучокот е дека L’Oréal кремот испорачал исти, ако не и подобри резултати од скапиот и болен ласерски третман. На крајот, кампањата ја зголеми продажбата на производот за 44%, а стратегијата е усвоена и на други пазари.