“Бизнис академијата Смилевски“ и компанијата за маркетинг и односи со јавност “The P World“, го организираат првиот натпревар за брендирање во Македонија.
На натпреварот насловен како “Сосема моја Македонија“, поканети се да учествуваат сите студенти кои не се постари од 25 години и кои имаат своја креативна визија за реклама на нашата земја.
Категориите во натпреварот се според стандардите и публиката на светските магазини: “Time”(општ туризам), “Economist” (економски потенцијал и туризам) и “Luxury”(елитен туризам) .
Вашата идеја (графика/слоган/фотографија/текст) треба да биде оригинална и креативна, а воедно да се обраќа кон публиката на дадениот магазин.
Идејните решенија треба да бидат поднесени во две верзии на македонски и англиски јазик.
Организаторите на овој натпревар сметаат дека на овој начин ќе се поттикне креативната мисла на студентскиот ум и затоа се во потрага по најкреативниот дизајн за брендирање на Македонија. Победникот на натпреварот ќе биде избран од глобални експерти по маркетинг и односи со јавност, а имињата на судиите засега се чуваат во тајност.
Пријавувањето започнува од први Февруари и трае до крајот на месецот, а своите идеи студентите ќе можат да ги испратат на веб страницата на БАС.
За сите подетални информации околу правилата и учеството на овој натпревар следете ја официјалната Фејсбук страна на #Сосема моја Македонија >>> www.facebook.com/sosemamojamakedonija.
Победникот ќе се знае во средината на Март, а најкреативниот бренд студент од Македонија ќе земе учество на најголемата конференција за маркетинг и односи со јавност во регионот- Marketing Kingdom која ќе се одржи на крај од месец Март во Загреб, Хрватска каде студентите ќе имаат можност да се запознаат и да се дружат со врвните менаџери по маркетинг и односи со јавност кои работат во глобални брендови како: Coca- Cola, Nokia, Shazam, Billboard, Heineken, Airbus и многу други.
Извор: Факултети.мк