Основачите на Инстаграм, Кевин Систром и Мајк Кригер, одлучија да ја напуштат компанијата. Двоецот веќе поднесе оставка на функцијата главен извршен директор и главен директор за технологија и објави изјава со која ја објаснуваат својата одлука на веб страницата на компанијата.
„Мајк и јас сме благодарни за изминатите осум години поминати во Инстаграм и шесте години во тимот на Фејсбук. Од само 13 луѓе пораснавме на повеќе од илјада, со канцеларии во целиот свет, а сето тоа го псотигнавме градејќи производи кои ги користат и ги сакаат повеќе од милијарда луѓе во светот. Планираме некое време да се посветиме на истражување на нашата љубопитност и на креативноста. Градењето нови нешта значи да застанеш, да сфатиш што те инспирира и тоа да го споредиш со потеебите што постојат. Тоа е она што планираме да го направиме“ напиша Систром.
Компанијата многупати ја проценуваа на 1 милијарда долари и токму толку плати Цукерберг за да ја купи. Сега истата има повеќе од 1 милијарда корисници од целиот свет и е дефинитивно најуспешната аквизиција на Фејсбук. Растот од 2012 година наваму во најголем дел се должи на визијата на Систром и Кригер, на стратешкото искористување на ресурсите од Фејсбук и на волјата агресивно да се натпреваруваат со Снепчет.
„Кевин и Мајк се неверојатни продукт лидери и Инстаграм е одраз на нивните креативни таленти. Изминативе шест години научив многу работејќи со нив. Им посакувам се најдобро и со нетрпение очекувам да видам што ќе направат наредно“ изјави Цукерберг.
Заминувањето на Систром и на Кригер од компанијата може негативно да се одрази на способноста на социјалната мрежа да ја контролира кризата со мешањето во изборните резултати, лажните вести и перцепцијата на јавноста за Фејсбук дека повеќе не е здрава за општеството и за демократијата.