Пишува: Е.Ј. Шулц, AD Age Buzz
Брендот Diet Coke инвестираше значајни средства во маркетинг со цел да го рехабилитира својот имиџ и да привлече разновидна, млада публика. Доналд Трамп во таквите напори не е баш идеален бренд амбасадор, но брендот е очигледно осуден на овој контроверзен 72-годишен претседател.
Трамп, чија навиката за пиење на Diet Coke е добро позната, уште еднаш му донесе високопрофилно позиционирање на брендот, кога токму со овај пијалок даде здравица пред светските лидери на Генералното собрание на Обединетите нации. Карлос Бариа, фотограф на Ројтерс, објави слика од овој момент на Твитер.
U.S. President Donald Trump raises his glass of Diet Coke in a toast during a luncheon for world leaders during the 73rd session of the United Nations General Assembly in New York, U.S., September 25, 2018. pic.twitter.com/RBOuKSXk6x
— Carlos Barria (@ReutersBarria) September 25, 2018
Фотографијата предизвика многу реакции на социјалните медиуми, каде што некои од корисниците со право ги бранеа опциите за наздравување со безалкохолен пијалок. (Трамп не пие алкохол.)
Но, ако целата работа се гледа од аспект на маркетингот, опсесијата на Трапм за Diet Coke е потенцијално проблематична за брендот кој се обидува да ја прошири својата база на корисници. Брендовите вложуваат многу време и пари за да ги видат своите производи во рацете на познатите личности кои ги привлекуваат нивните целни групи. Популарноста на Трамп кај лицата од 18 до 29 години изнесува 26 отсто, во споредба со 41 отсто за сите возрасни лица, се наведува во анкетата на Галуп од 29-ти август.
Желбата за Diet Coke за милениумците е прикажана во нивната најнова кампања, која вклучува млади актери, како што се Џилијан Џејкобс, позната по улогите во серијата на NBC “Community”, или “Love” на Нетфликс, потоа Каран Сони, индиско-американски актер кој имаше споредна улога во филмот “Deadpool”.
Кампањата, заедно со редизајнираната амбалажа и новите вкусови, помогна да се подобрат трендовите за продажба за брендот кој беше заглавен во долгорочниот пад. Продажбата на Diet Coke порасна за 0,9 отсто на 52 недела пред 8 ми септември, според податоците на Нилсен наведени од Wells Fargo.
Тим Калкинс, професор за маркетинг на Универзитетот Нортвестерн, вели дека сепак, љубовта на Трамп кон Diet Coke “го прави брендот постар и го става токму во средината на контроверзноста”. Тој предлага дека на брендот “веројатно нема да му пречи кога тој би почнал да пие помалку Diet Coke или почне повремено да пие и Diet Pepsi”.
Кит Јароу, експерт за потрошувачка психологија која ги истражува милениумските потрошувачи, не се согласува со ова и тврди дека навиката на Трамп на Diet Coke не е страшна работа. “Мислам дека нема да му наштети на брендот”, вели таа. “Тоа само зборува за сеприсутноста на Diet Coke”.
Портпаролката на Diet Coke одби да коментира.