Epica Awards го продолжија рокот за пријавување кампањи до 15 октомври. Тоа значи дека агенциите од областа на адвертајзингот, односите со јавноста и дигиталните технологии се’ уште имаат време да ги пријават своите кампањи до уникатното жири на Epica составено исклучиво од новинари кои ги следат креативните индустрии.
Новиот рок им овозможува на задоцнетите пријави дополнителна шанса да освојат награда, да се најдат на насловните страници и да подигнат трофеј на церемонијата на Epica Awards која треба да се одржи во Амстердам на 15 ноември. Победниците и повеќе високооценети кампањи ќе бидат дел и од годишната Epica Book, во издаваштво на Bloomsbury од Лондон.
Жирито е составено од водечки новинари од најпознатите светски медиуми посветени на адвертајзингот, дизајнот и комуникациите, како и од областа на модата, филмската продукција и технологиите.
Пред церемонијата за доделување на наградите ќе биде одржана и традиционалната конференција „Креативен круг“, чија овогодинашна контроверзна тема е „Дали одговорноста ќе ја убие креативноста?“, односно, во време на чувствителни потрошувачи и маркетинг на каузи, дали е се’ уште возможно да успеваат тензични и нападни кампањи?
Повеќе информации за Epica Awards можете да најдете на следниот линк.