Само неколку дена откако творците на Инстаграм ја напуштија компанијата, нејзиниот сопственик Фејсбук за нов менеџер го постави Адам Мосери.
Новиот менеџер на Инстаграм повеќе од десет години работи во Фејсбук, како еден од соработниците на Марк Закерберг.
Веста ја поврдија и твроците на Инстаграм, Кевин Систром и Марк Кригер, кои оценија дека Мосери е најдобар избор, бидејќи има големо искуство и професионални квалитетии добро ги познава вредностите на социјалната мрежа.
Систром и Кригер изразуваат надеж дека во иднина Инстаграм ќе продолжи да ја проширува корисничката база и ќе станува се` популарна во целиот свет.
Мосери се придружи на Фејсбук во 2008 година. Тој извршуваше неколку различни должности во компанијата, пред да биде именуван за заменик-претседател на одделот за менаџмент „Фејсбук“во мај годинава.
Изборот на Мосери не е изненадувачки, бидејќи голем број аналитичари веќе го оценија како вистинска личност за раководење со Инстаграм.
Следниот чекор за Фејсбук е значително да се зголемат приходите заработени од апликацијата и да се обебзедат над една милијарда активни корисници на глобално ниво.