Johnnie Walker и Game of Thrones порачуваат: “Зимата пристигна“ со ново специјално издание
Најавено е специјално издание на Џони Вокер виски, наречено “White Walker“, кое ги спојува познатиот лик кој чекори на овај бренд со популарната ТВ серија.
Темата што ги поврзува е ледено-белата армија на Белите талкачи од серијата, а шишињата наскоро ќе се појавават во продавниците како дел од соработката меѓу Diageo и HBO, со предложена малопродажната цена од 36 долари.
Шишињата користат мастило осетливо на температура за да ја откријат пораката “Зимата пристигна” на нивните етикетите, кога истите ќе достигнат температура на замрзнување. Покрај самата порака, познатиот лик кој чекори на новите етикети се појавува во оклоп.
Џони Вокер планира уште осум варијанти на тема Game of Thrones, вклучувајќи ги и седумте кои ќе се викаат според замоците во Вестерос и една за Night’s Watch. “Знаевме дека постои желба кај нашите фанови за виски Game of Thrones, а кога ја видовме визијата на Џони Вокер за соработка, знаевме дека идејата е совршена и дека е време”, изјави Џеф Питерс, потпретседател на одделот на HBO за лиценцирање и малопродажба.