Ќе дознаете зошто и како подобро да ги прилагодите и приближите видео содржините до вашите мобилни корисници и кои трендови треба да ги преземете во вашите стратегии, за да бидат уште поефикасни
Дали знаевте дека луѓето што гледаат видео содржини на Фејсбук и Инстаграм посветуваат пет пати повеќе време од прегледите на статични содржини? И дека најомилени сеуште се таканаречените 360 степени видео содржини?
Патот за купување на многу производи и услуги влегува во ново време. Мобилното опкружување обрнува внимание на еден сосема нов начин, бидејќи луѓето гледаат видеа во текот на целиот ден. Како што се зголемува употребата на мобилни уреди во светот, видеото стана движечка сила за истражување, размислување и донесување одлуки за купување.
Големи идеи за мали екрани
За да отсече уште поголем дел од рекламниот колач, Фејсбук се посветува на развојот на видео услугата Facebook Watch која на корисниците ќе им понуди сопствени видео содржини, ТВ емисии, преноси на спортски настани и слични содржини. Од Фејсбук велат дека не сакаат да се натпреваруваат со Нетфликс или Јутјуб, туку се посветени целосно на дополнителни функции како што е на пример Watch Party, која на пријателите на Фејсбук ќе им овозможи истовремено гледање и коментирање на видео клипови.
Стратегија која на прво место го става видео и мобилното огласување
На SEMPL ќе дознаете зошто и како подобро да ги прилагодите и приближите видео содржините до вашите мобилни корисници и кои трендови треба да ги преземете во вашите стратегии, за да бидат уште поефикасни. Сето ова знаење ќе го добиете директно од Фејсбук, од каде што доаѓа Рустам Зиганшин, партнер за продажба за Централна и Источна Европа, во Фејсбук, Полска.
Зиганшин има работено повеќе од десет години во меѓународни медиски агенции, каде што од медиа палнер напредува до извршен директор. Потоа одлучи да се префрли на страната на клиентите и тоа во Фејсбук. Како агенциски партнер, тој ја забрза соработката со медиумските холдинзи и директни клиенти во Централна и Источна Европа, со цел да ја достигне највисоката вредност за нив на Фејсбук и Инстаграм.