Една од поинтересните случувања кога станува збор за The Coca Cola Company e неодамнешниот дизајн на ограничениот број на лименки Coca Cola Light наменета за денот на вљубените во Франција. Имено како што веќе претходно спомнавме, новиот креативен директор на Coca Cola France за 2014 година, Chantal Thomass ја дизајнираше лименката на Coca Cola Light секако нанесувајќи од нејзиниот «personal touch».
Kako што вели Chantal Thomass, дизајанирањето на лименката со «black lace and a heart-shaped ribbon pattern» е доказ дека секој и сешто може да биде «seductive and attractive» , се разбира доколку се сака.
Овој лимитиран број на лименки Coca Cola Light ќе биде во можност да се најде само во месец Февруари во Франција додека остатокот од светот ќе може само да си «фантазира» за оваа seductive can edition на Coca Cola.
Имено ова не е прв пат Coca Cola France да ангажира креативен директор за special edition производи. Оваа улога изминативе години ја имаа Karl Lagerfeld, Jean Paul Gaultier, Marc Jacobs…
Подолу можеме да ја видеме Chantal Thomass во нејзината препознатлива розова боја, фотографирана од Ellen von Unwerth.