Кампањата The World in Words на агенцијата Franklyfluent на впечатлив начин покажува како нашето културолошко и јазично потекло влијае врз нашиот поглед на светот
Кога вашата работа е да го пренесете значењето на некој збор или концепт од еден на друг јазик, неизбежно е вашето културолошко и јазично потекло да има влијание врз конечниот резултат, што често може да предизвика смислата “да се изгуби во преводот”.
Преведувачката агенција Franklyfluent го покажа тоа на живописен начин, така што се здружи со 15 уметници од целиот свет, кои добија задача визуелно да го изразат она што за нив значат зборовите дом, хаос, движење, прослава и хумор.
Резултатот од тоа претставува кампањата “World in Words“(“Светот во зборови”), која претставува збир на илустрации кои јасно покажуваат како културолошкото и јазичното потекло ги обликуваат нашите погледи на светот.
Без разлика дали се работи за ужасот на задолжителните корејски компаниски прослави, кои се визуелно опишани од илустраторот Ј.Р.Чои како одговор на терминот hoesik или сеопфатното чувсто на хаос што демне под површината во интерпретација на уметникот Лиск Фенг, тие се во целосен контраст со одговорот на хаосот на познатиот уметник Тим Лахан, чие толкување е изненадувачки радосно на прв поглед.
Проверете го значењето на зборот хаос како во реализација на различни уметници во галеријата подолу, а за подобро да го разберете размислувањето зад илустрациите, посетете ја веб страната на кампањата http://www.theworldinwords.co.uk/.
Илустрациите ќе бидат основа на директната кампања на оваа агенција, со која ќе ја подигне свеста за потребата од смислен креативен пристап во областа на локализацијата и дека не постои универзално решение што одговара за сите брендови кои бараат успех на глобалната сцена.