Ник Клег, поранешен заменик премиер на Велика Британија, ќе биде новиот шеф за комуникации во компанијата Фејсбук, пишува угледниот британски весник Фајненшел Тајмс.
Според весникот, ова може да доведе до превирања на политички план во Велика Британија.
Овој 51-годишен поранешен лидер на Либерално-демократската партија, во Силиконската долина треба да пристигне во јануари следната година.
Клег беше заменик премиер на Велика Британија во периодот од 2010 до 2015 година.