М365 во соработка со Press Clipping, го анализираше осигурителниот пазар во Република Македонија во месец Јануари 2014 и покрај другите елементи го следеше и анализираше и бројот на објави за осигурителните компании. Впечатливо е тоа што од вкупно следени 10 компании дури 7 немаат ниту една објава во медиумите во изминатите 30 дена.
Во набљудуваниот период беа следени следниве осигурителни компании: Граве, Кроациа Осигурување, Осигурување Македонија,Уника, Евроинс, Еуролинк, Албсиг, АД Осигурителна Полиса, Сава Табак и Триглав.
Вкупно беа објавени 199 објави од кои дури 79% на интернет.
Најспоменувана осигурителна компанија во сите овие објави беше “Кроација Осигурување“ со вкупно 37 објави а после неа “Осигурување Македонија“.
Проект: Статистичка анализа за осигурителниот пазар во Македонија
Продукција: Press Clipping Македонија