Nextlaw спојува илјадници компании низ светот во повеќе од 100 држави
Вај Нот Комуникации е првата агенција за односи со јавност од Македонија која стана членка на светската мрежа Nextlaw Public Affairs Network. Глобалната мрежа вклучува околу 60-на компании за односи со јавност во повеќе од 100 држави во светот. Мрежата на агенции за односи со јавност е креирана со цел да стане најголема, најраспространета мрежа од ваков вид во светот. Мрежата е спонзорирана од Dentons, најголемата адвокатска фирма во светот.
“Кога размислуваме денеска за глобалната слика на агенциите за односи со јавност, гледаме огромна можност да се приклучиме кон целосно интегрирана платформа. Постои природна синергија помеѓу професиите за правни и јавни работи и сакаме да бидеме дел од целосна, меѓу-функционална платформа. Така ќе продолжиме да им помагаме на нашите клиенти да ги реализираат своите цели во иднина со глобална поддршка” – изјави Марко Костадиновски, сопственик на Вај Нот Комуникации.
Оваа револуционерна нова платформа за компании за односи со јавност ќе ја искористи технологијата дизајнирана и изградена за поддршка на најголемата правна мрежа за упатување во светот, Nextlaw Referral Network, лансирана во октомври 2016 година, а која моментално брои повеќе од 550 правни фирми во повеќе од 200 земји со над 27.000 адвокати.
“Како дел од оваа моќна нова платформа, ќе можеме да им обезбедиме на клиентите вистинска поддршка кога се работи за односите со јавноста буквално насекаде низ светот.” – изјави еден од партнерите на оваа платформа.
За Nextlaw Public Affairs Network
Nextlaw Public Affairs Network е прва платформа од ваков вид креирана да ги поврзува и поддржува фирмите за односи со јавност од целиот свет. Мрежата во моментов вклучува 60 компании кои опфаќаат 100 земји и секојдневно расте. Технолошката платформа е посветена на помагање на глобалните клиенти за лесно и ефикасно работење со фирми за односи со јавност кои имаат длабока блискост и разбирање за владините, бизнис и економските култури во нивните заедници и региони, низ целиот свет. Повеќе за www.nextlawpublicaffairs.com
За Nextlaw Referral Network
Nextlaw Referral Network е најшироката правна мрежа во светот. Платформата вклучува над 550 правни фирми во повеќе од 200 земји и вклучува над 27.000 адвокати. Мрежата и нејзината софистицирана технологија им олеснуваат на висококвалитетните правни фирми од било која големина да работат заедно за да се осигураат дека клиентите можат да го пронајдат вистински адвокат за вистинската работа во која било практика и сектор, насекаде во светот.