Гугл реши да ја засили борбата против сајтовите кои користат сомнителни pop-up реклами и пренасочување со цел да ги излажат корисниците.
Од декември, Chrome ќе се блокира реклами на “мал број” на сајтови, кои постојано ја користат оваа тактика, без разлика дали произведуваат лажни системски грешки или се обидуваат да ги насочат корисниците кон несакани сајтови.
Рекламите нема да се отстранат веднаш, кога Гугл ќе одлучи дека нешто е сомнително, туку сопствениците ќе имаат 30 дена да го променат својот начин на работење кога Google ќе ја активира Abusive Experiences пријавата.
Google истакна дека корисниците ќе имаат можност да ги оневозможат ваквите страници преку филтрирање во подесувањата на Chrome.
Компанијата укажува фишинг и scam страниците понекогаш ги користат опишаните методи за да ги избришат податоците на корисниците. Значајно е што Google одлучи да ги блокира сите реклами врз основа на природата на одредена страница, а не само поединечните реклами. Ова можеби нема да им одговара на чесните огласувачи, но Google се обидува да ги натера сајтовите да ја променат својата пракса пред ситуацијата да излезе од контрола.