Денес во Studiju Smijeha во Загреб, со утринско кафе, слатки закуски и доза на сериозност е претставено електронското издание на единствениот хрватскиот магазин за културата на брендирање – Бренд култура.
Гостите од светот на бизнисот, медиумите, образованието, како и клиенти, соработници и пријатели на маркетинг агенцијата Dhar media, како и партнери на проектот Superbrands Hrvatska, го прославија претставувањето на веб страницата brendkultura.com.
Во краток говор, извршниот директор на Dhar mediа, Леа Брезар, истакна: “Во светот на огласување и комуникации секогаш се бара поголема креативност, а тоа добро го знаат брендовите и нивните креативни и комуникациски агенции. Уметноста на брендирањето денес, стана дел од културата, без брендирање на сопственото име, производ или услуга, целосно сме невидливи. Да се стане видлив и во светот на професијата, е значајно признание за брендовите и креативците на сите нивоа – почетници и великани во светот маркетинг и комуникацискиот свет, а Бренд култура препознавајќи ги таквите играчи создава одлична содржина”.

Јосипа Челиниќ, уредник на Бренд култура, ја истакна важноста на постоењето на вакво списание за професијата со потребната симбиоза меѓу офлајн и онлајн изданието. “Бренд култура е посебен проект кој нема сличен на него. Магазинот е комплетно авторско дело кое е автентично и стручно, со доза на оние кул елементи. Во прегледен дизајн и текстови кои со леснотија ќе ги прочитате, претставуваме посебни приказни за брендовите, за кои се зборува и за кои би требало да се зборува, помагаме за видливоста на новите брендови, промовираме добри иницијативи, прогласуваме најкул кампањи и ги славиме сите успеси со брендовите заедно. Поради се` поголемиот интерес за нашите теми, не само стручни, туку и за пошироката публика, лансиравме и веб страница, која ни дава бројни дополнителни можности за комуникација на вашите инспиративни почетоци, брендирање, лансирање на производи, ребрендирање, како и сите други новости за вашиот бренд. “

За Бренд култура се зборуваше и од редовите на професијата, па на Brandfast, Влатка Камениќ-Јагодиќ од ХЕП, изјави: “Чест ми е што имам можност да кажам нешто за Бренд култура, магазин кој со задоволство го чекам секој месец. Во морето на политички весници и списанија, Бренд култура е единственото списание за маркетинг и вистинско освежување за сите нас маркетери. Премногу интересни теми и интервјуа, инспиративни приказни и настани, се она што Бренд култура го прават посебен. Читањето на Бренд култура повторно во мене го буди оптимизмот и секој месец ме потсетува зошто толку ја сакам својата работа. Ви честитам за лансирањето на веб страната, која ме прави многу среќна и ви посакувам уште многу добри приказни и успех во понатамошната работа.”