Повеќе од 20,000 луѓе во САД секојдневно пријавуваат семејно насилство. Бројките се драстични – 20 луѓе во минута се физички малтретирани од интимен партнер. Тоа значи 10 милиони жени и мажи во една календарска година.
Јасно е дека на луѓето им е потребна помош, но допирањето до жртвите на семејно насилство е тешка задача, бидејќи многу од нив се општествено изолирани, без можност отворено да дискутираат за тоа и немаат информации каде можат безбедно да бидат згрижени. Тогаш како едно прифатилиште за жртви на семејно насилство може да ја испрати својата порака до индивидуи и семејства кои се соочуваат со семејно насилство?
Chrysalis, непрофитно прифатилиште за жртви на семејно насилство од Феникс, Аризона, заедно со R&R Partners, ја лансираше својата прва кампања за подигнување на свеста и за комуникација со жртвите, со цел да ги охрабри да побараат помош преку бесплатни информации и доверлива поддршка на веб-сајтот noabuse.org.
Кампањата ги искористува честите изговори на насилниците и ги превртува, создавајќи отрезнувачки фрази како „Ова не ти следуваше“, „Тој имаше намера да те повреди“, „Тој немаше само лош ден“ и „Не е твоја вина.“ Овие пораки беа прикажувани на дигитални билборди низ Феникс и на социјалните медиуми. Како резултат на кампањата, бројот на нови посетители на веб-сајтот пораснал за 91%.
Најголемиот број од кампањите за семејно насилство ги таргетираат жртвтите кога тие размислуваат за опции како да избегаат. Оваа кампања ги таргетира жртвите кога тие се на почетокот од циклусот на насилство, кога тие си поставуваат прашања за насилството и нивната врска со насилникот и го легитимизираат она што им се случува.
Тимот на R&R помогна во создавањето на веб-сајтот кој вклучува и копче за „Безбеден излез“, кое на жртвите им овозможува брзо и безбедно да го исклучат прелистувачот и да ја сокријат интернет историјата со цел да се заштитат од заканите на насилникот.