Овогодишниот REXPO е во знак на продор на кинескиот капитал на пазарот во Хрватка и големите инвестициски проекти во малите градови
Една од највозбудливите гранки на индустријата е градежништвото и тоа она која ја менува сликата на околината на подобро и кое од просторното уредување создава филозофија на квалитетно живеење. Но, она што директно се поврзува со градежништвото, архитектурата и урбанизмот се инвестициите. И токму за најголемите национални и регионални инвестициски проекти ќе стане збор за овогодишниот саем REXPO, на кој ќе расправа за новитетите во областа на регионалните инвестиции.
Оваа година саемот ќе се одржи на 27 и 28 ноември во Сити Плаза во Загреб, а меѓу повеќе од 1.500 посетители, ќе се најдат домашни и странски инвеститори кои ќе разговараат за најважните проекти во регионот, меѓу кои најистакнат и најголем е изградбата на мостот Пељешац, кој ќе се реализира од стана на кинеската компанија China Road and Bridge Corporation. Ќе се зборува за странските инвестиции, економската дипломатија, енергетиката, обновата на запоставени мегаобјекти во земјата, инвестирање во спортска инфраструктура и развој на хотелски проекти и туристички дестинации.
На панелот “Balkan silk road – дали мостот Пељешац е прв пробив на Кинезите во ЕУ?”, меѓу другите ќе зборуваат и Марио Рендулиќ, претседател на CSEBA и Александар Журиќ, претседател на управата на црногорскиот Monteput. Оваа година REXPO во голем дел ќе биде посветен и на градовите кои во блиска иднина се насочени кон остварување на големи инвестициски проекти со цел зголемување на квалитетот на животот, но исто така и зголемување на нивната туристичка понуда. На панелот “Како инвестициските проекти стануваат туристички атракции во градовите”, за овие големи проекти ќе зборуваат градоначалникот на Св. Иван Зелина, најмладиот градоначалник во историјата на општина Бар, Душан Раичевиќ и раководителот на проектот Жичарница Учка, Младен Блажевиќ. Панелот “Нови инвеститори во потрага по стари можности. Или обратно?”, ќе се одржи под покровителство на Colliers International, а освен странските инвеститори, ќе зборува и Антонио Гарсија, консултатнт од агенцијата Brussels Business Support Agency при Амбасадата на Белгија, Хуберт Кослер, претседател и извршен директор на компанијата YASKAWA Europe Robotics и Бернхард Мелисчинг, извршен директор EOS Matrix Хрватска.
Целиот втор ден од овогодишниот, седми по ред REXPO саем е посветен исклучиво на HTL, односно теми од сегментот на хотели, туризам и рекреација, а една од најинтересните теми, особено за локалните и регионалните власти и туристичката администрација, ќе се занимава со систематскиот развој на туристичките дестинации и туристичките мастерпланови. Во рамките на панелот “Како да се создаде успешна туристичка дестинација”, домашни и странски експерти ќе ја согледаат пошироката туристичка слика надвор од опсегот на одморалиштата, хотелските објекти и недвижнини и ќе ги дефинираат клучните фактори на ефективен развој на дестинациите.
Како дел на тркалезната маса “Поглед на инвеститорите од Медитеранот – детален преглед на пошироката слика”, ќе се дискутира за тоа кои се главните купувачи на недвижен имот на Средоземјето, колку на инвеститорите им е важна инфраструктурата, а колку гостопримството, и дали брендираните резиденции се ултимативна потврда за елитниот статус. Токму Црвена Лука крај Биоград е интересен туристички проект кој го привлече окото на странските инвеститори. Се работи за вили и апартмани кои Црвена Лука ги продава на луѓе за лична употреба, како и за изнајмување кога не престојуваат таму, со што овај личен имот станува и инвестициска недвижност.
HTL Day ќе биде посветен на актуелните теми “Lifestyle хотели – само привремен тренд?” и “Развој на хотели: Brownfield против greenfield проекти”, а веќе традиционално, ќе биде доделена и престижната награда REXPO Best New Hotel Award за која ќе се борат три финалисти со долга листа на сите нови хотели (или големи реновирања), кои во последните 12 месеци ги отвориле своите врати во јадранскиот регион. Сите финалисти избрани од страна на стручна жири комисија ќе го претстават својот хотел на главната сцена за време REXPO HTL Day, а победникот на REXPO наградата за најдобар нов хотел ќе биде објавен на церемонијата на затворањето REXPO 2018. Минатата година, оваа важна награда ја доби Tarčin Forest Resort and Spa Sarajevo – MGallery by Sofitel. А победникот за 2018 ќе го дознаеме наскоро!
Повеќе информации на: rexpo.hr