Марина Чулич Фишер (Marina Čulić Fischer) ја презеде функцијата на главна извршна директорка на дигиталната агенција Проксимити (Proximity) од Загреб, Хрватска. Истовремено таа ќе продолжи да ги извршува должностите и како извршна партнерка во агенцијата Диалог Комуникации.
Чулич Фишер се придружи на уиграниот тим на Проксимити во Јануари 2013 год. како претседателка на Одборот. По повод именувањето за Главна извршна директорка изјави : “Хрватскиот дигитален пазар се развива со стреловита брзина, но истовремено и созрева, што значи дека веќе одамна ја поминавме фазата во која за агенциски успех беше доволно да се соберат луѓе кои се технолошки “фрикови“ и кои ќе вадат идеи за кои агенциите ќе мислат дека се “секси“ . Клиентите денеска бараат длабинско познавање и стратешко водење на нивните брендови на дигиталните платформи, јасни процедури и структуирани тимови а моето петнаесетгодишно искуство во водење на агенциски бизниси е вредност која ја донесувам во тој процес. Проксимити е голема и озбилна агенција и задоволство ми е што преземам нова, оперативна функција“
Проксимити Загреб има 15 вработени, на хрватскиот пазар е присутна од 1991 година а во 2013 година го надмина прометот од 6 милиони куни. Управува со дигитални платформи за најпознати домашни и странски брендови, како што се Адидас, Американ Експрес, Ауди, Кока-Кола, Дукат, Галбани, HTC, Јамница, Орбит, Шкода и др.