Не многу продавници би базирале реклама врз идејата дека може да заглавите во некој нивен лифт на неодредено време. Но, IKEA не е обичен бренд, особено кога е во прашање адвертајзингот.
Глобалниот маркетинг на IKEA работи со „полна пареа“ во последниве неколку години и континуирано испорачува резулати. Особено е интересно што во создавањето на креативните дела на шведскиот бренд се вклучени голем број на различни агенции од различни држави.
Овој пат, италијанската агенција stv DDB стои позади најновата реклама на IKEA, насловена „The Lift“ (Лифтот), во која двајца непознаници се среќаваат во лифт додека брзаат да се вратат дома за Божиќните празници со сите работи кои ги купиле.
Но, кога лифтот ќе сопре да работи и ќе се исклучи струјата, двајцата мажи мора да се одлучат што ќе прават. Поради тоа што не можат да добијат сигнал на своите мобилни телефони, тие се одлучуваат да ги превземат работите во свои раце:
Дали рекламата има разумна смисла? Воопшто не. Дали е шармантна метафора за празничниот дух, особено кога не можете да бидете со оние што ги сакате? Апсолутно да.
Ако некогаш сте поминале некој празник, особено Божиќ, со луѓе кои не се дел од вашете поблиско семејство, рекламата ќе ве потсети на односот на блискост кој се развива помеѓу вас и оној со кој сте „заглавиле“.
Рекламата завршува со тврдење дека седум од десет луѓе го поминуваат Божиќ дома, што значи дека тројца не го поминуваат во кругот на најблиските. Но, рекламата покажува дека тоа не мора да биде толку лошо. Можеби ќе создадете ново пријателство, вредно за цел живот – дури и да значи константна параноја од лифтови.