За овогодинешните креативни награди Epica се натпреваруваа вкупно 4,020 кампањи од 69 различни држави низ светот, најмногу од Германија, САД и Франција. Наградите беа доделени на 15 ноември во Амстердам, при што за најдобра агенција на глобално ниво беше прогласена Forsman & Bodenfors, а како најдобра агенциска мрежа – McCann Worldgroup.
Скоро една недела потоа, излегоа и резултатите за различни региони низ светот, вклучувајќи го и нашиот регион на Централна и Источна Европа. Според остварените резултати и оценките на стручното жири на Epica Awards, најдобра агенција во овој регион е McCann Worldgroup Romania.
Покрај McCann Worldgroup Romania, „големата петорка“ на ЦИЕ-регионот ја сочинуваат и: McCann Worldgroup Prague (Чешка), White Rabbit Budapest (Унгарија), Havas WW Prague (Чешка) и Geometry Global (Чешка).
Epica Awards е единствениот гобален креативен фестивал чие стручно жири е составени исклучиво од новинари од областа на маркетингот, дизајнот, адвертајзингот и луксузните брендови.
Целосната листа на наградени на Epica Awards 2018 можете да ја погледнете на официјалниот веб-сајт www.epica-awards.com.