Во вчерашното соопштение за јавност кое comScore, најголемиот играч на пазарот за online мерења и анализи, го лиферуваше до медиумите, најави партнерство со Google со цел да се создаде платформа која во реално време ќе може да понуди податоци за брендовите при планирањето на нивните online кампањи.
Ова партнерство официјално ќе биде објавено денеска на годишниот собир на IAB лидерите воPalm Desert, Калифорнија.
Neal Mohan (Google’s VP of Display Advertising) по повод оваа соработка изјави : “Длабоко сме посветени во креирањето на метрики кои се многу важни за брендовите и сме насочени кон обезбедување на корисни бренд податоци. За да го постигнеме сето ова, инвестираме во сопствени технологии и склучуваме партнерства со доверливи пазарни лидери како што е и comScore. Се радуваме на соработката со нив и веруваме дека заедно ќе обезбедиме на брендовите и медиумите подобар пристап до податоци во реално време “
Serge Matta Претседателот на comScore дополни: “Ова партнерство помеѓу comScore и Google е многу повеќе отколку едноставна техничка интеграција помеѓу две водечки компании во индустријата. Тоа ќе овозможи радикално поедноставување на медиа buying активностите за индустријата, со поголем квалитет и веродостојност. Ова во многу што ќе им помогне на нашите клиенти при нивните идни инвестиции во online огласувањето ! “
Повеќе на следниве линкови :
USA Today > http://goo.gl/r6PCdT
The Wall Street journal > http://goo.gl/aTweC9