На многу корисници на YouTube им пречат рекламите што се појавуваат на почетокот и за време на видеата, а популарниот видео сервис сега воведува промени.
YouTube сега има решение за проблемите со рекламите и најавува експериментално прикажување на две pre-roll реклами кои ќе бидат прикажани на почетокот на видеата, кои ќе можат да се “прескокнат”. Ова значи дека рекламите ќе се појавуваат поретко при гледањето на видеата, а YouTube проценува дека ќе има до 40 проценти помалку прекини поради рекламите, во текот на гледање на едно видео.
Тоа не можеби не звучи како многу, но до YouTube сепак пристигна реакција по истражувањето кое покажа дека корисниците се “прилично чувствителни” на зачестеноста на паузирањето на видеата, особено во случај кога гледаат подолги клипови.
Промените за десктоп верзија ќе бидат воведени оваа година, а потоа следи мобилната верзија и ТВ. Исто така, овие промени се чини дека се добра вест и за огласувачите, бидејќи YouTube објави зголемување на досегот за 8-11 проценти за време на првите тестови.