Да, името на оваа агенција е баш One Hour Agency, баш значи “Агенција за еден час“ и баш толку време бара на секој состанок – Еден час !
Станува збор за “чедото“ на Ben Langeveld и Ingmar Larsen, кои, заедно со неколку други креативци бараат само 60 минути од Вашето време. Нивниот слоган е : “Вие ни давате еден час. Ние генерираме квалитетни идеи“.
Нивниот став е дека 1 час е повеќе од доволно за на еден состанок да се дадат повеќе идеи, можеби не и финално решение, но секако да се воспостави хемија во која агенцијата ќе го покаже целиот свој потенцијал за понатамошни заеднички активности.
One Hour Agency е нова во редот агенција која промовира неконвенцијален начин на работа и состанување, заедно во редот на агенции како “World’s Fastest Agency” или “Pay What You Want”.
Како што велат основачите, ако брифот помине во најдобар ред потоа можеме да понудиме и други “пакети“ :)