1. Алкалоид АД – Скопје вработува во ОЕ Корпоративни служби 1 лице за Маркетинг-комуникации
1.1. Медиумски координатор – 1 (една) позиција
Потребни квалификации и вештини
– ВСС
– Минимум 3 години работно искуство со интернационална маркетинг агенција (на позиција медиумски планер, лице задолжено за работа со клиенти(client service Или account)) или во маркетинг оддел на електронски медиум
– Напредно познавање на областа на медиумско планирање, ефикасност на цени (CpP) и ефикасност на кампања (reach/fq)
– познавање на областа на буџетирање и управување со буџети
– основно познавање на продукциска работа
– познавање и интерес на трендовите во областа на медиумите
– работно искуство со медиуми (off-line и on-line)
– иницијалност, динамичност и креатицност во работата
– ориентираност кон тимска работа
– придржување до зададените рокови
– одлично познавање на пакетот MS Office
– одлично познавање англиски јазик
Цел и одговорност на работното место
– координира, изршува и финализира активности поврзани со медиуми (off-line и on-line)
– координација и комуникација со надворешни соработници (агенции, медиуми) од земјава и странство за реализација на договорени проекти
– силно придонесува и активно улествува во планирање на комуникациска стратегија
– координирање и спроведување на сите рекламни активности и промотивни кампањии, како на корпоративно ниво така и за одделни брендови.
– дефинирање на материјали за комуникација и нивно проследување до целните медиуми
– подготовка и опис на работните задачо за потребите на конкретни маркетиншки активности
– предлага распределба на вкупниот буџет за медиумски кампањи согласно со утврдениот годишен план
– следење и координирање на процесот на изработка на промотивни материјли за електронска, печатена и за дигитална комуникација
– комуникација со агенцијата одговорна за одржување на компаниската интернет-страница, како и координација на активности поврзани со нејзиното ажурирање
– активирање и анализа на кампањи
– комуникација со медиуми
– анализа и следње на трендовите на пазарот
– подготовка на извештаи за тековни активности
Работниот однос за позицијата се заснова на определено време од 6(шест) месеци со можност за продолжување на договорот.
Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 7:30 до 15:30 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.
Писмо за мотивација, кратка биографија со фотографија, копија од уверение за завршеното потребно образование, копија од сертификати и од дипломи да се достават во електронски пат на следната елкетронска пошта career@alkaloid.com.mk, со назнака медиумски координатор
При изборот на најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и со интервјуа.
Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услоци наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и ќе бидат соодветно известувани за неговиот тек.
Огласот трае 5 работни дена од денот на неговото објавување.
Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45,90 или од 120 дена од завршувањето на рокот за пријавување а во зависност од бројот на пријавените кандидати, согласно Членот 23 од Законот за работни односи