Најпрестижниот интернационален фестивал на креативноста “Cannes Lions“ воведува можност за тестирање и натпревар на младите ПР професионалци ширум светот со воведување на ново натпреварување за наредното издание на фестивалот наменете токму за нив, насловена како Young Lions PR.
Новото натпреварување е поддржано од Интернационалната Комуникациска Организација (ICCO) која е присутна во 29 земји, претставувајќи над 1700 ПР консултанти низ светот.
Локалните претставници на Cannes Lions ќе направат пре-селекција на пријавените за учество, формирајќи два тима на ПР професионалци кои ќе учествуваат во натпреварувањето.
Учесниците кои сакаат да се пријават треба да бидат помлади од 28 години и треба да работат како Assistant Account Executives, Account Executives, Senior Account Executives или Account Managers во ПР агенции или ПР консултантски фирми.
За повеќе информации посетете го вебсајтот на Cannes Lions