Агенцијата Anomaly уште еднаш го искористи нејзиниот посебен празничен хумор, во приказна во која луѓето и новогодишните елки ги менуваат местата …
Агенцијата Anomaly Лондон уште еднаш го искористи својот посебен празничен хумор во приказна за еден човек кој го доживува она низ што поминуваат божикните дрвца во ова време од годината.
Овој агенциски празничен филм, во кој нарацијата ја раскажува Ричард Е. Грант, е искривена, мрачна приказна која ќе ги привлече оние со чувство за црн хумор. Главниот протагонист е Петар, човек кој одеднаш е киднапиран од семејство на дрвја, кои му ги отсекле нозете и го засадиле во саксија во нивниот дом.
Приказната се раскажува преку писма што Петар ги испраќа до својата сопруга, опишувајќи ги гротескните детали за тоа што проживува со семејството на дрвјата, т.е. она што ние луѓето во реалниот свет го гледаме како празнична атмосфера. Ова анимирано видео дефинитивно не е едно од оние кои се вообичаени, емотивни и топли филмови кои што уживаме да ги гледаме во овај период од годината, а дефинитивно не за оние чувствителен желудник. Но, доколку сте љубител на црн хумор, задолжително погледнете го до крај.
Ова е трет мрачен празничен филм на оваа агенција, после “12 Days of Avian Misery” од 2016 година и минатогодишниот спот Dear Satan, во кој мало девојче по грешка испраќа писмо до сатаната, наместо на Дедо Мраз (Satan vs. Santa).