Новата реклама на Дизниленд Париз има за цел да го долови волшебното искуство кога некое дете ќе се сретне со својот имилен Дизни лик, без разлика дали е тоа Мики Маус или Елза од Frozen. Само што, во овој случај, „детето“ е мало пајче кое го обожава Доналд Дак.
Спотот ја раскажува приказната на едно мало и слатко пајче кое наидува на стрип со Доналд Дак. Тоа се инспирира од цртаниот лик, копирајќи ги неговите пози и дејства од стрипот. Но, кога неговото семејство ќе одлета, тоа е приморано да го остави саканиот стрип зад себе. Сепак, после долго патување, пајчето всушност ќе го запознае својот идол во живо во Дизниленд.
Рекламата е дело на агенцијата BETC Paris, анимациското студио Unit Images и продукциската компанијата General Pop и ќе се емитува ширум Европа.