Секоја година, повеќе од 3,600 деца се жртви на сексуално ропство во американската сојузна држава Џорџија.
Со цел да го привлече вниманието на јавноста кон овој голем проблем, хуманитарната организација Street Grace на 2 јануари создаде „билборд“ кој никој не можеше да го игнорира – сообраќаен карван долг еден километар создаден од 72 училишни автобуси, доволно да соберат 3,600 деца, на кои беа испишани страшните статистики поврзани со проблемот.
Кампањата беше осмислена од агенцијата BBDO Atlanta и беше проследена со прес конференција на која се обрати гувернерот Брајан Кемп, како и државниот јавен обвинител на Џорџија кој и самиот бил жртва на трговија со луѓе.
Како дел од кампањата беше лансираш уште еден краток спот во кој две, сега возрасни, жртви на сексуално ропство како деца ги раскажуваат своите трагични приказни.