Организацискиот одбор на PRO PR конференцијата, во склоп на која делува и Комисијата PRO PR Awards, денес ги објави имињата на добитниците на признанијата PRO PR Awards во категориите PRO PR Vision City, PRO PR Vision Manager и PRO PR Awards.
PRO PR Vision City е наменета за градот во земјата домаќин на PRO PR конференцијата, која благодарение на континуираната комуникација постигна позитивен публицитет на регионално и меѓународно ниво. Со оглед на тоа дека земјата домаќин на 17-тата PRO PR конференција е Хрватска, признанието во оваа категорија припадна на градот Мал Лошињ. Важноста на улогата на односите со јавноста одамна ја препозна и Гордана Ковачевич, претседателка на Управата на Ericsson Nikola Tesla, која за успешната имплементација на комуникациските процеси во работата на овие хрватски компании е наградена со признанието PRO PR Vision Manager.
Во категоријата PRO PR Awards оваа година се наградени 24 добитници од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија, Италија, Велика Бритаитанија, Русија, Белгија и Германија. За својата посветена работа во бренд менаџментот, наградена е Катерина Хаџи-Ангелеска Начевска од Македонија, специјалист за безалкохолни напитоци во Пивара Скопје.
Кон крајот на месец ноември минатата година, објавено е и дека добитник на признанието во категоријата Vision Manager, е угледниот словенечки медиумски работник Маријан Новак.
Свечената церемонија за доделување на наградите ќе се одржи на 12 април 2019 година, за време на 17-тата PRO PR конференција која ќе се одржи од 10 до 13 април во Хотел Катарина во Селце. Сите добитници за својата работа ќе бидат наградени со уникатни статуетки, кои за оваа пригода ќе ги изработат студентите од Академијата за применети уметности во Риека.
Програмата за доделување на наградите PR PR Awards е заснована по повод одбележувањето на 10-тата годишнина од PRO PR конференцијата во 2012 година, а наменета е за поединци кои на одреден начин придонеле за развојот и позиционирањето на професија за односи со јавноста. Досега, оваа признание го добиле 147 добитници од целиот свет.