Рекламната кампања на Ред Бул е забранета поради тврдењето дека тоа е енергетски пијалак кој може да ја зголеми концентрацијата
Рекламните банери во метрото во Лондон укажуваат дека со помош на Ред Бул вработените можат да ја завршат работата и да пристигнат дома до 16 часот.
Државната агенција за рекламните стандарди (ASA) соопшти дека рекламата била весела, но дека сво неа се споменуваат недокажани здравствени тврдења.
Компанијата Ред Бул објави дека рекламата само промовира “иницијтива за потрошувачите”, охрабрувајќи ги работниците порано да заминат од работа.
Рекламата нуди “тајна за порано завршување” на работата, а гласи: “За да ја прескокнете секоја пречка, напорен ден, само треба да знаете – Ред Бул ви дава крилја”.
Лице што го видело плакатот се пожалило на рекламната агенција дека рекламата сугерира дека енергетскиот пијалак со кофеин има позитивен ефект врз здравјето, го зголемува фокусот и концентрацијата.
Но, компанијата вели дека само го промовирала National 4pm Finish Day – создаден да биде обележан на 14 септември 2018 година.
Компанијата го отфрли обвинението дека рекламата укажува на какви било здравствени придобивки или дека пијалокот им помага на луѓето да се чувствуваат подобро во вршењето на работата со зголемување на концентрацијата.
Сепак, ASA пресуди против Ред Бул, соопштивајќи дека потрошувачите може да заклучат дека здравствените тврдења се точни, иако тие не се одобрени во регистарот на ЕУ.
Регистарот на ЕУ за прехрамбените и здравствени тврдења е официјална листа на научно потврдени ставови за храната и нејзините здравствени придобивки.
“Заклучивме дека текстот на рекламата покажува дека Ред Бул може да ја зголеми концентрацијата и да го подигне нивото на енергија, а со тоа и да ја зголеми продуктивноста”, велат од АSА.
ASA пресуди дека рекламата не смее да се повтори, а на компанијата и` било кажано да не наведува дека нејзините производи може да го подобрат здравјето и концентрацијата, кога овие тврдења не се наоѓаат во регистарот.