На хартија, концептот е едноставен: цвеќињата цутат и тоа цутење да се синхронизира со ѕвук на огномент. Но, создавањето на едно такво визуелно искуство во кое секое суптилно движење на цветот точно се совпаѓа со ѕвукот на огнометот е спротивно од едноставно.
Агенцијата TBWA\Paris и продукциската куќа Eddy го прифатија предизвикот и создадоа навистина спектакуларна реклама за францускиот железнички превозник SNCF.
„Клучниот збор во создавањето на овој спот е „трпеливост“. Работевме со жива материја на која и’ потребно време,“ истакнува Жаранс Ду Норд, флорален дизајнер во амбициозниот проект.
Рекламата е наменета како порака на благодарност од компанија спрема своите корисници, кои го намалиле својот негативен ефект врз животната средина со користењето на железницата наместо автомобили во нивниот транспорт.
Заедно со спотот беше објавено и behind-the-scenes видео, во кое е презентиран интензивниот и макотрпен процес на неговото создавање.