Pew Research Center откри дека една третина од корисниците на оваа социјална мрежа се недоволно информирани за она што се случува со нивните податоци и како тие се користат
Иако Фејсбук неодамна во неколку наврати се најде во фокусот на вниманието на медиумите, поради начинот на кој ги користи достапните податоци, се чини дека три четвртини (74%) од корисниците во САД не се свесни дека оваа компанија ги наведува нивните лични интереси и особини на „your ad preferences“ страница.
Ова го откри новата студија објавена од страна на Pew Research Center, чија анкета спроведена меѓу 963 луѓе во САД, исто така, покажа дека половина (51%) се изјасниле дека не се чувствуваат удобно што Фејсбук ги собира овие информации.
Кога се упатени кон страницата за поставки на реклами, поголемиот дел од корисниците (88%) откриле дека оваа платформа генерирала материјал за нив, а повеќе од една четвртина (27%) одговориле дека овие описи не се точни.
Истражувањето на овај центар, спроведено во септември 2018 година, исто така, истражувало два контроверзни елементи, кои се дел од системот на класификација на Фејсбук – политичките преференции на корисниците и етнички “афинитети”.
Фејсбук им доделил “политички афинитет” на околу половина од испитаните корисници (51%), од кои околу три четвртини (73%) одговориле дека нивната политичка категоризација е многу или делумно точна, додека 27% одговориле дека класификацијате не е целосно или не е воопшто точна.
Истражувајќи ја категоријата “мултикултурни афинитети”, во која само 21% од испитаните корисници имале категоризација, која би требало да ги одразува афинитетите на корисникот, а не конкретно нивната раса или етничко потекло, истражувачкиот центар утврдил дека 60% од нив се согласуваат дека споделуваат силни или прилично силни афинитети кон групата што им е доделена.
Коментирајќи го ова истражување, портпаролот на Фејсбук Џо Озборн, изјави: “Резултатите од истражувањето ја нагласуваат важноста на транспарентноста и контролата во целата огласувачка индустрија и потребата за поголема едукација на потрошувачите за контролата која им ја овозможуваме на луѓето. Оваа година ќе работиме повеќе на тоа за да ги направиме нашите поставки полесни за управување и ќе организираме повеќе настани посветени на рекламите и приватноста”.
извор: WARC